Два ракуни предизвикаа возбуда на состанокот на градскиот совет во Акапулко, Мексико. Едниот ракун падна од таванот, а другиот успева да се закачи и да остане на висечката структура.
Паднатото животно од страв почнува да трча низ собата, а некои од членовите на советот исплашени се качуваа на столовите.
На крајот тој наоѓа излез и се крие од луѓето.
Градското собрание на Акапулко се наоѓа во средината на Папагајо паркот од 52 хектари. Животните најверојатно оттаму влегле во зградата, пишува Дејли Мејл.