Breaking Приведен Давор Мацура сопственикот на „Алта банка“ во Србија
4NEWS.mk

Превентивни прегледи за мажите по промотивни цени во Клиника Жан Митрев во текот на ноември

Превентивни прегледи за мажите по промотивни цени во Клиника Жан Митрев во текот на ноември

Клиника Жан Митрев во текот на ноември овозможува промотивни цени за превентивни и специјалистички прегледи, дијагностички услуги и лабораториски испитувања за мажите. Иницијативата, по повод месецот посветен на машкото здравје, има цел да ги поттикне мажите да посветат повеќе внимание на сопственото здравје и да не ги одложуваат редовните контроли.

Промотивната понуда опфаќа прегледи и услуги од областа на урологијата, кардиологијата, неврологијата, неврохирургијата, нефрологијата, пулмологијата, оториноларингологијата, дерматологијата и пластичната хирургија. По промотивни цени се достапни и дијагностика на простатата, испитувања за остеопороза, дигитална дермоскопија на целото тело, тестирања за сексуално преносливи микроорганизми, како и одредени генетски и лабораториски анализи.

Секојдневните обврски и уверувањето дека отсуството на тегоби значи добро здравје често се причина посетата на лекар да се остави за подоцна. Превентивните контроли се можност навреме да се проценат здравствената состојба и индивидуалните ризици, а изборот на прегледи и дополнителни испитувања да се направи во консултација со лекар, според возраста, семејната историја и потребите на пациентот.

Од Клиника Жан Митрев ја нагласуваат важноста на редовните здравствени контроли и навремената консултација со специјалист. Со ноемвриските промотивни цени, клиниката настојува да го олесни пристапот до прегледи и да поттикне поодговорен однос кон машкото здравје во секоја животна возраст.

Промотивните цени важат во текот на ноември. Деталите за сите опфатени услуги се достапни на веб-страницата на Клиника Жан Митрев, а информации и закажување преглед може да се добијат на 02 3091 484.

Ноќно студио

Најнова епизода

Барутана, „Треска“ и кула од 105 метри: Каде оди Скопје? Ноќно студио со Билјана Ф. Тодорчевска

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни