Во седиштето на владејачката СДСМ во тек е средба со коалициските партнери на која се разговара за евентуално проширување на владината коалиција во контекст на постигнување парламентарно мнозинство за уставни измени.
Претседателката на ДОМ Маја Морачанин пред состанокот, изјави дека досега немале никаков разговор, ниту некои конкретни информации, освен ова што беше споделувано во медиумите.
„Сакам прво да ги слушнам информациите, што се планира, која е целта на евентуално зголемување на мнозинството, што тоа ќе значи и во однос на програмата и во однос на кадровските решенија, и се разбира она што е важно за ДОМ, ние сакаме да ги наметнеме прашањата и темите коишто се важни за нас да бидат реализирани“, изјави Морачанин.