Македонија

Утре во Дом на АРМ: Крводарителска акција за роденденот на Тоше Проески

Утре во Дом на АРМ: Крводарителска акција за роденденот на Тоше Проески

Во холот на Дом на АРМ утре од 9 до 17 часот по 19-ти пат ќе се реализира крводарителска акција на денот на раѓањето на Тоше Проески (1981-2007).

„Црвен крст на град Скопје и Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар во соработка со Институтот за трансфузиона медицина ќе ја организираат традиционалната крводарителска акција во спомен на роденденот на големиот хуманист и крводарител Тоше Проески кој, за жал, прерано го загубивме“, соопшти Црвен крст на град Скопје.

Организаторот додава дека оваа крводарителска акција стана веќе препознатлива во Скопје и е посетена од голем број граѓани. На овие акции реализирани во чест на Тоше досега се собрани повеќе од 5300 единици крв.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни