Свет

Силен земјотрес во Турција

Земјотрес со интензитет од 6,2 степена според скалата на Рихтер е регистриран утрово во западниот дел на Турција, соопшти Европскиот медитерански сеизмички центар (ЕМСЦ).

Засега нема податоци за повредени или причинета материјална штета.

Епицентарот на земјотресот се наоѓал на 232 километри југоисточно од Измир, 51 километар југоисточно од Денизли и 27 километри западно од Јешилова, со длабочина од два километри под површина на земјата.

Извор: ТВ21

Ноќно студио

Најнова епизода

Герасимовски за „Барутана“, „Треска“, Платформа 12:05 и поделбите во СДСМ | Ноќно студио 20.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни