Регионалниот ЦУК Велес, известува дека денеска според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) нивото на реката Вардар во централното подраје на градот Велес е покачено за половина метар.
На левата страна има излевање во близина на коритото, но нема поплавено објекти и нема загрозено објекти од ударниот бран, што веќе го намалува интензитетот.

На десната страна од Вардар е далеку од куќите.
По контактите оставрени со ТППЕ Велес и ЈКП Дервен Велес истите известуваат дека нема јавување од граѓани за загрозени и поплавени објекти од реката Вардар.
Инаку, зголеменото ниво не ги исплаши ни кајакарите кои одлучија да ја „тестираат“ реката.