Свет

Маж со мачета провалил во две цркви во Шпанија, има жртви и повредени (Видео)

Маж со мачета провалил во две цркви во Шпанија, има жртви и повредени (Видео)

Маж со мачета уби калуѓерка и рани свештеник во вчерашните напади врз две цркви во јужниот шпански град Алхесирас. Напаѓачот е приведен, соопшти шпанското МВР, прецизирајќи дека се истражува можен терористички акт, пренесоа Асошиејтед прес.

Министерството не го откри идентитетот на уапсениот. Околу 19 часот синоќа вооружениот маж влегол во црквата „Сан Исидро“ и нападнал свештеник, кого тешко го повредил. Потоа отишол во втората црква – „Nuestra Señora de La Palma“, на пет минути пешачење од првата, каде што продолжил да дивее, напаѓајќи го манастирот. Свештеникот истрчал надвор, но напаѓачот го стигнал на плоштадот и смртно го ранил. Што се однесува до ранетиот свештеник, тој е во болница и неговата состојба е стабилна.

Според локалните медиуми, во нападите се повредени најмалку три лица.

Шпанскиот национален суд објави дека отворил истрага за можен акт на тероризам.

Шпанскиот премиер Педро Санчез им изрази сочувство на роднините на починатиот. Сочувство изразија и претставници на свештенството.

Алгесирас се наоѓа во јужниот дел на Шпанија. Има важно пристаниште со ферибот врски до Северна Африка.

Градското собрание прогласи ден на жалост во кој знамињата ќе бидат спуштени на половина копје.

Сите сме шокирани од овие дела кои не исполнуваат со тага, изјави градоначалникот Хозе Ландалусе. „Алгесирас отсекогаш бил град на разбирање и толеранција и покрај случаите како овој што му даваат слика што не одговара на реалноста“, рече тој.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни