МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ (во °С)
-5 Попова Шапка, -2 Маврови Анови, Лазарополе, Крушево, -1 Берово, 0 Крива Паланка, 1 Претор, Битола, Прилеп, Виница, Дебар, 2 Тетово, Штип, Демир Капија, Струмица, Гевгелија, Дојран, Куманово, 3 Скопје, Охрид.
НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ ЗА ИЗМИНАТИТЕ 24 часа до 7 часот (во l/m2)
10 Пожаране, 7 Гевгелија, Крушево, 6 Струмица, 5 Тетово, Маврови Анови, Попова Шапка, 4 Дојран, Тополчани, 3 Битола, Берово, 2 Претор, Прилеп, Куманово, 1 Скопје-Петровец, Штип, Демир Капија, Виница, Ѓуриште.
ВИСИНА НА СНЕЖНА ПОКРИВКА во 7 часот (во сm)
84 Попова Шапка, 19 Маврови Анови, 10 Лазарополе, 6 Крушево, 4 Берово, 1 Ѓуриште.
ВРЕМЕТО ВО ТЕКОТ НА НОЌТА И ИЗУТРИНАВА
Во текот на ноќта и утрово времето е облачно, на планините и на повисоките места со врнежи од снег, а во пониските со врнежи од дожд. Дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА
Облачно и студено со повремени врнежи од снег, а само во некои пониски места од дожд и снег. Врнежите ќе бидат пообилни во јужните и источните делови. На планините висината на снежната покривка ќе се зголеми, а нова ќе се формира и во некои од пониските места. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне од 0 до 4 степени.
Во Скопје облачно и студено со повремени врнежи од дожд, кои во текот на денот во делови од котлината повремено ќе преминуваат во снег со послаб интензитет. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне 4 степени.