Македонија

Народна банка закажа вонредна прес конференција поврзана со работата на Алта Банка во Македонија и банкарскиот сектор

Народна банка закажа вонредна прес конференција поврзана со работата на Алта Банка во Македонија и банкарскиот сектор

Народната банка денеска закажа прес-конференција на која гувернерот д-р Трајко Славески ќе се обрати во врска со актуелните случувања во банкарскиот сектор и супервизорските активности на централната банка.

Прес-конференцијата доаѓа во период на зголемено внимание на јавноста кон случувањата поврзани со „Алта банка“, по информациите за одземањето на дозволата за работа на банката во Србија и прашањата за можните последици врз банкарскиот сектор во Македонија.

Се очекува гувернерот Славески да се осврне на актуелните состојби, стабилноста на банкарскиот систем и активностите што ги презема Народната банка во рамките на своите надлежности.

Прес-конференцијата е закажана за денеска, 1 ноември, a истата ќе ја пренесуваме во живо на 4NEWS.MK, со почеток во 17:00 часот.

Следете нè!

Ноќно студио

Најнова епизода

Барутана, „Треска“ и кула од 105 метри: Каде оди Скопје? Ноќно студио со Билјана Ф. Тодорчевска

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни