Македонија

Денеска е Св. рамноапостолна Нина Грузиска и св. Сава

Денеска е Св. рамноапостолна Нина Грузиска и св. Сава

Света Нина потекнува од благородничко кападокиско семејство. Од мала била воспитана во Христовиот дух. Подоцна отишла во Грузија, го покрстила грузиското царско семејство и до крајот на животот (335 г.) ја обиколила цела Грузија, проповедајќи го Христос.

Света Нина е просветителка на Грузија. Има слично значење како свети Кирил и Методиј словенските народи.

Денес се слави и свети Сава, првиот српски архиепископ.

Бил син на великиот жупан Стефан Немања. Ги презрел богатството, почестите и царското достоинство и се замонашил на Света Гора. Неговиот пример подоцна го следи и татко му, кој во монаштвото ќе го добие името Симеон.

Свети Сава се упокоил во 1236 година.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни