Македонија

Српската заедница во Охрид го одбележа празникот Свети Савa

Српската заедница во Охрид го одбележа празникот Свети Савa

Во организација на Здружението на Србите „Коштана“, српската заедница во Охрид денеска го одбележа празникот Свети Сава.

На свеченоста присуствуваа градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков, почесниот конзул на Република Србија во Охрид Михајло Филев, како и членови на Здружението и српската заедница во Охрид

Градоначалникот Пецаков во својата честитка по повод Свети Сава посака, како што рече, делата на овој просветите да ни го покажат вистинскиот пат и да бидат нашиот пример за поголема истрајност во градењето на попросперитетна иднина.

– Македонскиот и Српскиот народ имаат нераскинлива поврзаност, која се темели на заедничка историја и затоа отсекогаш сме биле пример за взаемна доверба и добрососедство. Српската заедница во Република Македонија претставува значаен дел од нашето општество и дава голем придонес во напредокот и равојот на сите сфери од живеењето. Верувам дека и во текот на наредниот период, во духот на пријателство ќе продолжиме да чекориме напред и да обезбедиме подобри услови за живеење за сите граѓани, стои во честитката на Пецаков.

Свети Сава, според почесниот конзул Филев, е голем празник на српската заедница и српскиот народ.

– Свети Сава е основоположник и темел на српската црква. Заедно со двата братски народи, српскиот и македонскиот овозможуваме да имаме една темелна точка која не поврзува во сите наши културни и верски сфери и секогаш ќе бидеме заедно во сите предизвици, рече Филев.

Празникот Свети Сава во Охрид се подбележува по 16-ти пат во организација на здружението на Србите од Охрид „Коштана“

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни