Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски истакна дека во 2001 година бил во војска како доброволец.
Тој упати и прашање до лидерот на ДУИ, АЛи Ахмети да каже колку милиони евра профитирал како водач на некогашната ОНА (УЧК).
На ова реагираше и Ахмети кој посочи дека Мицкоски војна гледал само на телевизија.
„Јас не се занимавам со размислувањата на Христијан Мицкоски околу војната зашто тој и не бил во војна, туку борби гледал само на телевизија. Се разбира јас молчев за такви прашања, зашто во тишина треба да се работи на стратегиите за развој и затоа што така преку остварување на нашите цели се добиваат гласови од избирачите. Работевме во тешки времиња и деликатни услови, треба уште да се работи, а не само да се упатуваат празни прашања“, рече Ахмети.