Македонија

Има 16 правнуци и 1 чукунвнуче: 101-годишниот дедо Наце е највозрасниот жител во општина Илинден

Има 16 правнуци и 1 чукунвнуче: 101-годишниот дедо Наце е највозрасниот жител во општина Илинден

Најстариот жител во општина Илинден е дедо Наце Петрушевски од населеното место Бучинци.

Имено, дедо Наце наполни 101 година, а по тој повод го посети градоначалникот Александар Георгиевски кој со подароци и искрени желби му го честиташе роденденот и му посака да го служи добро здравје и да поживее уште долго.

„Задоволство беше да слушнеме како дедо Наце раскажува за неговиот животен пат кој несебично сподели многи совети и искуства и им посака на сите да доживеат како неговата старост“, напиша тој.

За Наце интересно е да се каже дека има 4 деца, 9 внуци, 16 правнуци и едно чукунвнуче.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни