Македонија

Партијата за движење на Турците со недвосмислена поддршка за евроинтеграцискиот процес

Партијата за движење на Турците со недвосмислена поддршка за евроинтеграцискиот процес

Централното Собрание на Партијата за движење на Турците – ТХП, во Скопје одржа седница на која се разгледа работниот извештај за 2022 и се дискутираше за планираните активности за тековната година. Меѓудругото се разговараше и за актуелната политичка состојба во земјава.

Централното Собрание на ТХП недвосмислено дава поддршка на евроинтеграцискиот процес, а и опозицијата ја повикува на рационален и државнички однос кон ова прашање. Со државнички одлуки Република Северна Македонија ја поставивме на вистинските шини кои водат кон ЕУ, а сега останува во најбрз можен рок да стигнеме кон целта.

ТХП ја поддржува идејата за широк проевропски фронт, но, притоа инсистираме на проактивна улога и на помалку бројните етнички заедници, кои во никој случај не смеат да бидат маргинализирани во овој процес.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни