Свет

„Благодарам Русија“: Украинка покажа како сега изгледа нејзиниот роден град поради војната

„Благодарам Русија“: Украинка покажа како сега изгледа нејзиниот роден град поради војната

Украинката Ана Малигон сподели видео на Тик Ток на кое е прикажан нејзиниот роден град Харков за време на војната во Украина.

Видеото го погледнале повеќе од 17,5 милиони корисници на оваа социјална платформа.

Ги снимила омилените локации на кои го поминала детството, како училиште, универзитет, трговски центар, ресторан итн.

@maligoshik #ukraine #kharkiv ♬ Che La Luna – Louis Prima with Sam Butera & The Witnesses


„Сега се е во урнатини. „Ти благодарам Русија“, напиша таа во описот на објавата.

„Се надевам дека си безбеден“, „Пази“, „Ова е толку тажно“, „Извини“, „Хорор“, се само дел од коментарите.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни