Русија најави успешна офанзива во Донбас. Армијата се зацврсти во градот Угледар, објави гувернерот на окупираната област Доњецк. Во последните неколку недели, руските единици го забележаа својот прв напредок по неколку месеци. Западното разузнавање го опишува како минимално, а Киев вели дека нанесува голема штета на непријателот.
Од почетокот на војната, Угледар е под контрола на Украина. Според воените експерти, градот има стратешко значење. Тоа е една од важните точки за копнениот коридор што Русија сака да го воспостави меѓу својата територија и окупираниот Крим.
На дипломатски план, претседателот на Украина отпатува за Миколаев. Тој во јужниот град се сретна со премиерот на Данска.