Владата на американскиот претседател Џо Бајден во понеделникот објави дека вонредните здравствени мерки на федерално ниво, кои беа воведени во рамките на борбата против Ковид, ќе бидат откажани на 11 мај, пренесе Ројтерс.
Националната вонредна состојба СОВИД-19 и вонредната состојба на јавното здравје беа прогласени во 2020 година од тогашниот американски претседател Доналд Трамп.
Администрацијата на Бајден постојано ги продолжуваше итните мерки што им овозможија на милиони Американци бесплатен пристап до тестови, вакцини и третман, забележува Ројтерс.
Административно-буџетската канцеларија на Белата куќа соопшти дека периодот на важност на мерките, кој ќе истече во наредните месеци, ќе биде продолжен до 11 мај, од кој датум конечно ќе престанат да функционираат мерките.
Во услови на здравствена вонредна состојба, владата плати за вакцини против Ковид, некои тестови и некои третмани. Кога ќе истече итната мерка, овие трошоци ќе бидат пренасочени кон приватните осигурителни компании.