Свет

Автобус со млади фудбалери слета во провалија – петмина мртви

Автобус со млади фудбалери слета во провалија – петмина мртви

Фудбалскиот свет во Бразил го погоди трагична вест. Бразилецот О Глобо објави дека автобусот со младите фудбалери на клубот Вила Марија Хелена слетал во провалија.

Несреќата се случила на мостот на реката Ангу, во провинцијата Алем Параиба, додека играчите се враќале од турнир во Убапоранж, каде го освоиле првото место.

Првично беше соопштено дека загинале четири лица, а 29 се повредени, но бројот на жртвите подоцна се искачи на пет. Автобусот превезувал млади фудбалери до градот Дуке де Каксиас, а телата се уште не се идентификувани.

Сепак, познато е дека во автобусот биле возачот, членови на стручниот штаб и 28 фудбалери помлади од 17 години.

Меѓу фудбалерите кои трагично загинаа беше и 13-годишниот Каилон да Силва. Неговата роднина ја потврди оваа вест на својот Инстаграм. „Толку сакав да биде лага. Ќе те сакам засекогаш“, напиша таа во објавата со слика на младиот Кајлон.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни