Утрово најстудено е во Берово каде се измерени -8 степени. По него следува и Попова Шапка со измерени -5 степеи, – 2 степени во Скопје-Петровец, Струмица, Штип, Битола, Крива Паланка, Маврови Анови, Крушево, -1 степен во Охрид, Прилеп, Демир Капија, 0 степени во Гевгелија, Тетово, Претор, Дебар, 1 степен во Скопје – Зајчев Рид, и 2 степени во Дојран.
Снежната покривка изнесува 65 см на Попова Шапка, 18 на Маврови Анови, 10 во Берово, 6 во Крива Паланка, 5 во Крушево, Ѓуриште, и 1 во Пожаране.
НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ ЗА ИЗМИНАТИТЕ 24 часа до 07 часот во (l/m2)
Дожд имало во Крива Паланка каде се измерени 4 l/m2, 3 l/m2 во Дебар, Попова Шапка, 2 l/m2 во Маврови Анови, 1 l/m2 во Пожаране.
Утрово на места провејува слаб снег, а на крајниот североисток има снег со умерен интензитет.
Денеска времето променливо облачно со повремени врнежи, на планините и на повисоките места од снег, а во пониските од дожд и снег.
Попладне ќе почне да дува засилен северозападен ветер кој ќе се задржи и во текот на ноќта кога на повеќе места ќе биде силен (над 80 км/час, а на планините и над 90 км/час), а тоа ќе предизвика нагло и значително опаѓање на температурата кон утре. Максималната температура ќе биде во интервал од 3 до 12 степени.
Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди и со повремен слаб дожд кој во делови од котлината ќе преминува во снег, особено наутро и кон крајот на денот. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец, кој во текот на ноќта дополнително ќе засилува. Максималната температура ќе достигне 10 степени.