Околу 1300 луѓе чекаат да бидат евакуирани, откако на норвешкиот крузер “Viking Sky” на сред невреме му откажал моторот во водите во близина на западниот брег на Норвешка. Во тек е акција на спасување на патниците. Спасувачките екипи од поморската служба соопштија дека крузерот пловел кон копното и дека пратил сигнал за помош.
Крузерот е сопственост на групацијата “Viking Ocean Cruises”, на норвешкиот милијардер Торстеин Хаген. Според официјалните информации од сајтот на компанијата крузерот можел да прими 930 патници.
Спасувачките екипи со хеликоптери и бродови се тргнати кон местото каде што се наоѓа крузерот, а на копно се подготвува терен за евакуираните патници.