Македонија

Битиќи: Во март со порастот на минималната, ќе има и линеарно зголемување на платите во јавниот сектор

Битиќи: Во март со порастот на минималната, ќе има и линеарно зголемување на платите во јавниот сектор

За минималната плата и пензиите имаме системско решение постигнато преку социјален дијалог, рече вицепремиерот за економски прашање Фатмир Битиќи во „24 анализа“.

-За ова веќе ќе нема уценувања, ќе нема наддавања меѓу синдикати и работодавачи. Дефиниравме заедно методологија, критериумите за пораст се трошоците за живот, односно инфлацијата и порастот на просечната плата. Тоа е заедно усогласено системско решение. Системско е зашто беше одобрено од сите засегнати страни, односно синдикатите и работодавачите, кажа Битиќи.

Тој додаде дека во март освен што ќе има зголемување на минималната плата, во јавниот сектор ќе има усогласување на платите.

-Во март линеарно ќе биде зголемена платата во јавниот сектор за толку за колку што е зголемена минималната плата. Со Законот за административни службеници сите ќе бидат опфатени, рече Битиќи, додавајќи дека пари во буџетот веќе се обезбедени.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни