Македонија

АА со одговор: Изразуваме жалење што ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се уште не излегле од стариот менталитет каде Владата ја гледаат како средство за богатење

АА со одговор: Изразуваме жалење што ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се уште не излегле од стариот менталитет каде Владата ја гледаат како средство за богатење

Од Алијанса за Албанците со реакција по повод изјавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Изразуваме жалење што ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски се уште не излегле од стариот менталитет каде што Владата ја гледаат само како средство за богатење.

За нас оваа година е важна и одлучувачка година за иднината на државата и на граѓаните.

Сè додека ВМРО-ДПМНЕ е против уставните измени, а кои што се услов за отворање на преговорите со ЕУ, не можеме да придонесеме за изолација на државата, туку сакаме да дадеме време на отворањето на европската перспектива.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни