Руски авиони кои превезувале 99 војници и 35 тони техника, слетаа во венецуелскиот град Каракас, во рамките на техничката и воена соработка со земјата.
„Спутник“ посочува дека во авионите нема ништо таинствено, и прецизира која марка се авионите. Едниот е „Антонов Ан-124“, а другиот патнички „Ил-62“. Тие следаа на меѓународниот терминал на Меѓународниот аеродром „Симон Боливар“, и тоа на местото каде што слетуваат претседателските и владини авиони.
АФП соопшти дека властите на Венецуела и амбасадата на Русија во Каракас засега одбиваат да ја коментираат оваа инфромација. „Ројтерс“ јавува дека двата авиони полетале од воениот аеродром „Чкаловски“ во Москва, и кратко престојувале и во Сирија. „Ројтерс“ исто го цитира „Спутник“ дека руските трупи пристигнале во Венецуела за „консултации“.