Свет

Уапсени 48 лица за грабежи во областите на Турција погодени од земјотресот

Уапсени 48 лица за грабежи во областите на Турција погодени од земјотресот

Најмалку 48 лица се уапсени за грабежи во осум провинции погодени од земјотресот во понеделникот во јужна Турција, јавува Anadolu Agency.

Осомничените беа приведени како дел од истрагата за грабеж извршен по земјотресот со јачина од 7,8 степени според Рихтер во кој загинаа повеќе од 25.000 луѓе во Турција и Сирија, додава Анадолија.

Локалните медиуми претходно денеска објавија дека десетина луѓе од градежната индустрија биле уапсени откако неколку илјади згради се урнале во земјотресот.

Турското Министерство за правда им нареди на обвинителите во провинциите погодени од земјотресот да отворат „канцеларии за истрага за криминал поврзан со земјотресот“.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни