Европската унија ќе испрати повеќе шатори, ќебиња и шпорети за да им помогне на луѓето погодени од разорниот земјотрес во Турција. Ова го соопшти претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.
ЕК го повикува приватниот сектор што поскоро да ја даде потребната поддршка .
Механизмот за цивилна заштита на ЕУ одобри испраќање на 38 спасувачки тимови во кои учествуваат 1.651 лице и 106 кучиња.
Одделно, 12 земји-членки на ЕУ веќе обезбедија 50.000 семејни зимски шатори, 100.000 ќебиња и 50.000 шпорети.
Хуманитарната помош за Сирија се одложува поради проблем со одобрувањето од страна на тврдокорната група, изјави портпарол на ОН. Жртвите од земјотресот во Турција и Сирија веќе се повеќе од 30.000.