Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони изјави дека нема да бара средба со Володимир Зеленски доколку тој се уште е на чело на владата бидејќи го обвинува украинскиот претседател за војната со Русија, пренесе Ројтерс.
Берлускони (86) често се фалеше со своето пријателство со рускиот претседател Владимир Путин пред руската инвазија на Украина и предизвика бурни реакции во септември минатата година кога рече дека Путин бил турнат во војна и дека сака да постави „пристојни луѓе“ на чело на Киев.
Берлускони, лидер на конзервативната партија Форца Италија, која е дел од владејачката коалиција во земјата, зборуваше откако италијанскиот премиер Џорџија Мелони во петокот ја обвини Франција дека го загрозува единството на ЕУ за Украина со организирање француско-германска вечера во Париз со Зеленски, на која не вклучува други европски сојузници.
„Никогаш не би отишол да разговарам со Зеленски бидејќи сме сведоци на уништување на неговата земја и колење на нејзините војници и цивили“, изјави Берлускони на новинарот по гласањето на избирачкото место за регионалните избори во Ломбардија.
Берлускони рече дека ако Зеленски престанеше да ги напаѓа двете сепаратистички републики во Донбас, војната немаше да се случи. „Значи, многу, многу негативно го оценувам однесувањето на овој господин“, додаде Берлускони.
Канцеларијата на Мелони соопшти дека поддршката на италијанската влада за Украина е „цврста и убедена, како што е јасно наведено во програмата и потврдено во сите парламентарни гласови на мнозинството што ја поддржува извршната власт“.