Свет

Капење во ледени води: Над 8.000 луѓе влегле во Балтичкото Море

Капење во ледени води: Над 8.000 луѓе влегле во Балтичкото Море

Над 8.000 луѓе влегле во ледените води на Балтичкото Море за да се капат. Зимското капење во полското одморалиште Миелно веќе има 20-годишна историја.

За настанот во најстудените зимски денови се собираат луѓе од целата земја, а во последните години – од цела Европа.

По забавата во разбрануваното море, следува и програма за загревање на моржовите . Учесниците можат да имаат корист од топла сауна, џакузи или варено вино.

Капењето во ледена вода ја подобрува циркулацијата на крвта и ни дава енергија, но добро е и да се консултираме со лекар пред да го пробаме, потсетуваат експертите.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни