Македонија

СДСМ: ВМРО ДПМНЕ застана против македонски јазик во ЕУ -не гласаше за ФРОНТЕКС!

СДСМ: ВМРО ДПМНЕ застана против македонски јазик во ЕУ -не гласаше за ФРОНТЕКС!

Пратеникот на СДСМ Миле Талески денеска на прес конференција посочи дека се покажало вистинското лажно лица на ВМРО-ДПМНЕ, односно тие не гласале за Договорот со Франтекс.

„Не гласаа за првиот Договор со кој македонскиот јазик официјално влегува во ЕУ.

Ниту еден пратеник од ВМРО-ДПМНЕ не беше присутен кога се ратификуваше првиот Договор со ЕУ потпишан на официјален македонски јазик, без фусноти и без додавки.

ВМРО ДПМНЕ не е само против ЕУ тие се и против македонски јазик во ЕУ.

Исто се случи и со гласањето за законите поврзани со Иницијативата Отворен Балкан кои обезбедуваат поголема мобилност на работната сила и слободен пазар на труд во трите земји од иницијативата.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ денеска одново докажаа дека се деструктивци кои работат спротивно на интересите на државата и граѓаните.

Откако со месеци лажеа и ширеа хистерија дека македонскиот јазик ќе бил загрозен, дека ќе имало асимилација и бугаризација, откако не смогнаа сили да честитаат за потпишувањето на Договорот со Фронтеск на официјален македонски јазик, денеска пратениците од МРО-ДПМНЕ не гласаа за ратификација на овој Договор.

Додека се носат важни закони за граѓаните и државата, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ платени со парите од граѓаните, не се во салата, не се на своето работно место, не гласаат и не даваат никаков придонес.

Но затоа се први во пленарната сала кога бараат амнестија за осудени криминалци и хулигани, кога треба со вувузели, закани и тропања да се обидат да закочат некое важно законско решение.

Ете тоа е односот на ВМРО-ДПМНЕ кон законодавниот дом, тоа е односот кон граѓаните што ги гласале, тоа е нивниот однос кон сопствената држава.

ВМРО-ДПМНЕ се нервозни што не им успеа сценаријата за предвремени избори. Вака, уште долго ќе останат во опозиција“, вели Талески.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни