Свет

Спречена нова катастрофа: „Боинг 737 Макс“ принудно слетал поради проблеми со моторот

После уривањето на два авиони Боинг 737 Макс во Индонезија и во Етиопија, денеска имало нов проблем со уште еден од истиот тип.

Имено, Боинг 737 на компанијата „Саутвест“ принудно слетал во Флорида поради проблеми со моторот. Во авионот биле само двајцата пилоти.

Станува збор за истиот авион кој што неодамна се сруши во Етиопија, и загинаа 157 лица. После тоа приземјени се сите авиони Боинг 737 Макс.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни