Македонија

Закажано судењето за нападот врз Пендиков

Закажано судењето за нападот врз Пендиков

Охридскиот Основен суд за 28 февруари го закажал првото рочиште против лицето кое е обвинето за нападот врз секретарот на бугарскиот клуб во Охрид, Христијан Пендиков. Судскиот процес ќе го води судијата Бојан Мартиноски, а на напаѓачот ќе му се суди за крвично дело напад од омраза со тешки повреди, објави „Телма“.

Основното јавно обвинителство – Охрид пред десетина дена поднесе обвинение против две лица за нападот врз Пендиков.

Едниот обвинет досега се брани со молчење, и како што информирале од Обвинителството, тој се товари за ова кривично дело по увид во надзорните камери и изјави на сведоци. Вториот обвинет засега е недостапен и по него се трага.

Инцидентот со Христијан Пендиков се случи на 19 јануари во кафе-бар во Охрид. Случајот предизвика тензии во односите меѓу Софија и Скопје. Бугарските власти испратија авион со кој Пендиков беше транспортиран на лекување во Софија каде што се уште се наоѓа.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни