Македонија

Симболичен настап на Ставре Јада и Дарко Дамјановски на спринтот на СП

Симболичен настап на Ставре Јада и Дарко Дамјановски на спринтот на СП

Македонските натпреварувачи Ставре Јада и Дарко Дамјановски денес го имаа својот прв настап на Светското првенство нордиски дисциплини што се одржува во Словенија.

Јада денешната трка во рамките на квалификациите за спринтот класично 1,4 км ја заврши на 108. место со време 3:58,56 минути, односно 1:03,06 минута побавно од најдобриот резултат на Норвежанецот Ерик Валнер.

Дамјановски квалификациите ги заврши за 4:03,63 минути, доволно за 111. место.

Во женска конкуренција, македонската претставничка Ана Цветановски го освои 85. место со време 4:56,94 минути.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни