Ноќеска автобус се превртел и се запалил на автопатот А1.
Според Јутарњи лист, во автобусот имало осум лица – двајца возачи и шест патници.
„Стигнав таму околу 3:30. Патот е сè уште затворен, во моментов се чека влечната служба од Загреб да дојде да го земе автобусот. Драмата траеше цела ноќ, кога пристигнав, десет повредени веќе беа пренесени во болница“ – изјавил сведок.
Според порталот, едно лице загинало, а неколку се повредени. Повредените се пренесени во болниците во Огулин и Карловац.
Како што потврдија од ОКЦ Личко-Сењске, истрагата се уште е во тек, додека пак порталот GS Press јавува дека автобусот е со албански таблички.
Хрватскиот авто-клуб извести дека делот на автопатот А1 Загреб-Сплит-Плоче меѓу раскрсниците Огулин и Бриње е затворен во двата правци поради сообраќајна несреќа на км 112. Турата е по државните патишта преку Оштари и Модруш (DC42 и DC23).