Ветување дека ќе ѝ помогнат нејзиното семејство да го откупи и приватизира земјиштето што го користело, а е во државна сопственост, чинело една скопјанка 117.000 денари. Случајот го пријавила во полиција, откако дознала дека лицето кое се претставувало како вработен во Катастар веќе повеќе од две години не работи во институцијата.
Според информациите од полицискиот билтен, 24-годишната жена вчера во 14 часот пријавила во СВР Скопје дека била измамена од две лица.
Како што навела во пријавата, на 21 септември 2026 година се сретнала со нив, при што едниот се претставил како вработен во Катастар. Двајцата ѝ ветиле дека ќе ѝ помогнат на нејзиното семејство да го откупи и приватизира земјиштето што го користеле, иако тоа било во државна сопственост.
Жената во неколку наврати му исплатила пари на лицето, во вкупен износ од 117.000 денари. Откако побарала информации за предметот во Катастар, била известена дека лицето кое ѝ ветило помош не е вработено таму повеќе од две години.
Тогаш сфатила дека била измамена и случајот го пријавила во полиција.
Од СВР Скопје информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.