Балкан

Ѓоковиќ рекордер по најмногу недели како светски рекет број еден во историјата на тенисот

Ѓоковиќ рекордер по најмногу недели како светски рекет број еден во историјата на тенисот

Србинот Новак Ѓоковиќ денес ја започна 378-та недела на врвот на АТП ранг-листата.

Тенисерот по број на недели ја престигна Германката Штефи Граф (377 недели) како прв светски рекет во историјата на тенисот.

Во Топ 5 најдобри тенисери во историјата на тенисот се и Мартина Навратилова (332 недели), Серена Вилијамс (319 недели) и Роџер Федерер (310).

Рејтингот на Здружението на тениски професионалци е воспоставен во 1973 година.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни