Македонија

Ова е најмладиот милионер во Македонија во 2021 година – имал доход од над еден милион денар

Ова е најмладиот милионер во Македонија во 2021 година – имал доход од над еден милион денар

Даночните пријави кои што поминале низ системот покажуваат дека најмладиот милионер во Македонија за 2021 година е 8-годишно момче.

Имено, тој во истата година остварил доход од 1,020,508 денари.

„Во категоријата најмлад и највозрасен милионер, лице кое во 2021 година било на осумгодишна возраст, остварило доход од 1 020 508 денари по основа на семејна пензија, а лице на 96 години остварило доход во износ од 1,2 милион денари. Кај двете лица најголемиот приход е остварен по основ на пензија“, посочи Сања Лукаревска.

Директорката на УЈП денеска ги изнесе резултатите од анализата на годишните даночни пријави за 2021 година.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни