Македонија

Ескобар: САД ќе поддржат сѐ што ќе ги внесе Македонците во ЕУ брзо и мирно

Ескобар: САД ќе поддржат сѐ што ќе ги внесе Македонците во ЕУ брзо и мирно

САД бараат мирни и продуктивни односи меѓу Софија и Скопје и даваат цврста поддршка за брзо зачленување на Северна Македонија во ЕУ.

Габриел Ескобар, заменик-помошник државен секратар и специјален претставник на Стејт департментот за Западен Балкан, во изјава за МИА денеска рече дека „САД ќе поддржат сѐ што ќе ги внесе (Македонците) во ЕУ брзо и мирно“.

-Продолжуваме да работиме со Владата на Северна Македонија за помош тие да ги остварат своите цели. Тие се исклучително добар НАТО сојузник и можам да ја уверам ЕУ дека тоа ќе бидат и како членка на Унијата. Продуктивна, сигурна и цврста членка на ЕУ, посочи Ескобар.

Рече дека двете земји, Северна Македонија и Бугарија, се ценети партнери на САД и дека Вашингтон бара тие да имаат меѓусебни мирни и продуктивни односи.

Ескобар вчера учествуваше на средбата на високо ниво меѓу претседателот на Србија, Александар Вучиќ, и премиерот на Косово, Албин Курти. На средбата учествуваше и Џозеф Борел, висок преставник на ЕУ за надворешни работи и безбедност.

САД силно го поддржуваат дијалогот меѓу Србија и Косово модериран од ЕУ, иако Вашингтон не е вклучен во процесот на нормализација на односите меѓу двете страни, изјави Ескобар.

-Ние потполно и силно го подржуваме процесот, но не сме дел од него. Тоа е процес модериран од ЕУ и треба да биде модериран од ЕУ, но целосно го подржуваме, како политички така и финансиски, преку изградба на капацитети и други начини.

Ескобар потврди дека на средбата вчера, владите на Србија и Косово се договориле да се оди напред со предлогот на ЕУ за нормализација меѓу двете земји, кој опфаќа и признавање и регистрација на заедница на српски општини во Косово.

-Европскиот предлог не е за заемно признавање меѓу двете земји, туку за нормализација на односите меѓу Косово и Србија, рече Ескобар.

На прашање во врска со војната во Украина и колку таа криза влијае во ЕУ и на Западен Балкан, тој рече дека кризата во Украина е закана по европската безбедност.

-Кризата ги фокусира сите кон заканите по европската стабилност, внатрешни и надворешни, и кон проширување на трансатлантската безбедност… Србија потврди дека нивното конечна цел е да бидат дел од ЕУ, и мислам дека кризата влијае луѓето да се фокусираат да работи кон тоа ова да стане реалност, изјави Ескобар.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни