Балкан

ДНК примероци од 57 тела се земени по железничката несреќа во Грција

ДНК примероци од 57 тела се земени по железничката несреќа во Грција

Земени се ДНК примероци од 57 тела пронајдени досега по железничката несреќа во Грција ноќта на 1 март.

Над 2 илјади луѓе втор ден протестираа во Атина и Солун, шокирани од трагедијата што се случи во верижен судир на 2 возила кај Лариса.

Грчките железници и Метрополитен метро одржаа 24-часовен штрајк. Демонстрантите и синдикатите го обвинуваат железничкото претпријатие и неколку влади за негрижа и занемарување на потребите на железницата.

Властите ветуваат одговори по масовната истрага. Членовите на кабинетот за Би-Би-Си изјавија дека инвестициите во железничкиот систем биле попречени од грчката должничка криза околу 2010 година и драстичните мерки за штедење што следеле. Тие беа цената за спасувачкиот план договорен со ЕУ и ММФ.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни