Ерик Друе, еден од водачите на „жолтите елеци“ кои протестираа низ Франција доби парична казна од 2.000 евра поради организирање на илегални протести.
Кривичниот суд го казни поради организирање на протестите од 22 декември минатата година до 2. јануари оваа година, пренесува „Анадолија“.
Неговиот адвокат истакна дека ќе се жали на оваа одлука.
Друе (34) и околу 50 демонстранти се собрале на 2. јануари на плоштадот „Конкорде“ во близината на познатата улица „Шанз-Елизе“ да одадат почит на загинатите во протестите. Но, полицијата го приведе Друе и неколку демонстранти поради илегални протести. Тој бил приведен и минатата година.