Четири деца загинаа во пожарот што зафати станбена зграда во Нови Пазар, неофицијално дознава радио Сто плус.
Пожарот избувнал утрово нешто по 7 часот, во еден од становите во зградата на улицата 12. српска бригада.
Според непотврдени информации, најстарото од четирите загинати деца било на околу пет години.
Причината за пожарот се уште не е позната.