Четири деца на возраст од шест месеци до пет години се задушиле од чад во населбата Јалија во Нови Пазар, кога избувнал пожар во станот на првиот кат од зградата.
Според неофицијални информации, четири деца биле пронајдени мртви во станот.
Родителите на повредените деца се на Одделот за интензивна нега во Општата болница во Нови Пазар. Таткото има изгореници од втор, трет и четврти степен на 45 отсто од телото. И мајката е во тешка состојба со изгореници од втор и трет степен на 18 отсто од телото.
Како што се дознава, децата починале на лице место, а лекарите можеле само да констатираат смрт.
Двајца случајни минувачи го забележале пожарот и заедно со соседите тргнале да помогнат, но поради силниот пожар не можеле доволно да се приближат.
– Го видов пожарот, ја отворив вратата и видов двајца момци како трчаат горе. Пожарот бил во ходникот. Го скршивме стаклото за да го земеме противпожарниот апарат и се качивме горе. Брзо дојдоа противпожарната служба, брзата помош и полиција – изјави еден од очевидците на пожарот.
Пожарот избувнал денеска околу 07:00 часот. На местото на настанот веднаш пристигнале единици на противпожарната служба, брзата помош и полицијата.