Во трагедија во Нови Пазар, животот го загубија четири мали деца, од кои најмладото имало само шест месеци.
Мајката и таткото завршиле во болница со тешки изгореници од втор, трет и четврти степен.
Според тамошните медиуми, таткото на загинатите деца е Египќанец, а мајката Босанка, а загинатите се тригодишни близнаци, двегодишно дете и бебе.
Пожарникарите на местото на пожарот пристигнале за четири минути, но несреќните деца не можеле да се спасат. Тие починале на лице место, најверојатно од задушување од јаглерод моноксид.
Таткото на децата добил изгореници од втор, трет и четврти степен на 45% од површината на телото, мајката има изгореници од втор и трет степен на 18% од телото. Тие се во тешка состојба –
Објавени се шокантните детали од обидот да се спасат децата.
Таткото се обидел да ги спаси децата преку терасата, но не успеал да ја пробие вратата која била заглавена.
Како што претходно беше соопштено, минувачите и соседите се обиделе да помогнат кога виделе дека гори станот на приземјето, но пожарот бил пресилен.
Братучед: Се грееја со шпорет и греалки
Роднина на семејството изјави дека причината за пожарот може да биде во грејните тела.
„Се грееја со шпорет и електрични греалки. Знаете како оди, работите се оставаат да се исушат, веројатно нешто се запалило. Мајката на децата ми е сестра, мажена е за Египќанец. Децата ги нема, а и тие се во тешка ситуација“, изјави еден од членовите на семејството.