12.000 луѓе останаа без покрив над главата откако избувна голем пожар во најголемиот бегалски камп во светот во југоисточен Бангладеш.
Пожарот избувна вчера и брзо зафати околу 2.000 градби од бамбус и церада.
Беа потребни речиси три часа за да се изгасне, за среќа нема повредени.
Покрај бунгаловите, уништени се и 21 тренинг центар и 35 импровизирани џамии.
Кампот е дом на бегалци од народот Рохинџа, претежно муслиманско етничко малцинство прогонувано со децении во будистички Мјанмар.