Македонија

Вооружена пресметка во чаршија – две лица застрелани!

Вооружена пресметка во чаршија – две лица застрелани!

Две лица се застрелани во близина на угостителски објект во Старата скопска чаршија велат високи полициски извори.

Убиството се случило пред околу половина час во близина на кафе барот „Шиша бар“

Според засега непотврдени информации се работело за лица добро познати на криминалното подземје.

Местото е обезбедено со неколку полициски екипи и десетици службеници. Пристапот е ограничен.

Од МВР засега само потврдуваат дека имало престрелка без повеќе детали.

На лице место во Чаршијата во моментот е во тек увид и прибирање на доказите.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни