Македонија

ВИДЕО: Човек облечен во бело неколку ноќи ги плаши кавадарчани

ВИДЕО: Човек облечен во бело неколку ноќи ги плаши кавадарчани

Лице облечено во бела мантија веќе неколку ноќи по ред им излегувало на кавадарчани на влезот од патеката кај споменикот „12-те деца“, и ги плашело.

Откако во неколку наврати граѓаните сведочеле на сцената со човекот во мантија, кој игра, се врти, а и фрлал со камења, вчера успеале и да го снимат.

Видеото со него е објавено на социјалните мрежи посветени на градот, и граѓаните прашуваат за што станува збор, дали се во прашање некои пагански обичаи, или пак некој само сака да ги заплаши оние кои пешачат на патеката.

Сепак, и покрај вознемиреноста, никој се уште не го пријавил лицето во полиција.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни