Шведски парламентарец со потекло од Косово, Аднан Дибрани денеска спасил бебе во Подгорица.
Помош добил и од работниците на Комуналното претпријатие.
Имено, 62 годишна жена заедно со своето 2-месечно внуче скокнала во реката, од каде успеале само бебето да го извлечат и да го вратат во живот.
Брзата помош реагираше брзо и го транспортираше бебето во болница.
Бабата на малото момче не преживеа.
Дибрани малку подоцна ја напушти Подгорицата, а му се заблагодари и Црнагорскиот министер за внатрешни работи Филип Адиќ.