До понеделник дневните температури ќе бидат релативно високи, освен во сабота кога во северните делови ќе биде малку посвежо и ќе има преодно наоблачување со услови за појава на краткотраен дожд и ретки грмежи.
Од понеделник ќе има зголемена облачност и врнежи од дожд, повремено поинтензивни, со засилен најпрвин јужен ветер, а потоа со северен ветер кој ќе дува неколку дена и кој ќе донесе значително опаѓање на температурата.