Македонија

УХМР: Утре попладне нестабилно, во понеделник влажен и студен бран

УХМР: Утре попладне нестабилно, во понеделник влажен и студен бран

Утре времето ќе биде променливо облачно и релативно топло, со умерен до засилен, а во западните делови повремено силен (над 70 км/час) ветер од југозападен правец. Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, особено во источните делови. Повремен локален дожд ќе има и во недела.

Во понеделник под влијание на нов влажен и постуден бран ќе има врнежи од дожд, попладне на повеќе места пообилни (над 30 л/м2), а локално и проследени со грмежи. На планините и на некои повисоки места во западните делови врнежите ќе бидат од снег и ќе се формира снежна покривка.

Потоа во следните два дена ќе преовладува променливо облачно, студено и ветровито време со повремен дожд, а на повисоките места од снег.

Во делови од Скопската Котлина утре попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Во понеделник ќе биде облачно со врнежи од дожд, попладне пообилни.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни