Македонија

Доаѓа невреме! Попладне грмежи, дожд во овие региони на Македонија

Доаѓа невреме! Попладне грмежи, дожд во овие региони на Македонија

Променливо облачно со сончеви периоди и релативно топло. Ќе дува умерен до засилен, а во западните делови повремено силен (над 70 км/час) ветер од југозападен правец. Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, особено во источните делови. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 16 до 22 степена.

Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југозападен правец. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд и појава на ретки грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 19 степени.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни