Во недела ќе преовладува променливо облачно време со повремен локален дожд.
Во понеделник под влијание на нов влажен и постуден бран ќе има врнежи од дожд, попладне на повеќе места пообилни (над 30 л/м2).
На планините и на некои повисоки места во западните делови врнежите ќе бидат од снег и ќе се формира снежна покривка.
Потоа во следните два дена ќе преовладува студено и ветровито време со повремен дожд, а на повисоките места од снег.