Денеска се пронајдени исчезнатите девојчиња Аниса и Мелиса.
Тие се на возраст од 12 и 15 години.
Денеска (01.04.2023) во 13.30 часот на ул.„Џон Кенеди“, кај продажен објект во паркот, од страна на полициски службеници од Полициска станица Бит Пазар пронајдени се малолетничките М.К.(15) и А.А.(12), за кои на 30.03.2023 во вечерните часови беше пријавено дека се оддалечиле. По документирање на случајот, малолетничките ќе бидат предадени на родителите.
Вчера на социјалните мрежи кружеше апел за пронаоѓање на девојчињата, а во потрагата се вклучија и навивачката група „Шверцери“.